ФОТО: Гастрономска и туристичка презентација на Струмица во Бијело Поље

Од:

На покана на Изет Еровиќ, директор на Центарот за култура на општина Бијело Поље, Република Црна Гора, делегација од општина Струмица беше гостин на 11-от Интернационален фестивал на тамбурашки оркестри.

delegacija-bijelopolje (3)

Во рамките на посетата, претседателот на општина Бијело Поље, збратимена општина со општина Струмица, Александар Журиќ, организираше прием за  делегацијата на Струмица во Спомен куќата на познатиот црногорски поет Ристо Ратковиќ, каде, после приемот, беше одржана и гастрономска и туристичка презентација на Струмица.

GEDSC DIGITAL CAMERA

Градоначалникот Журиќ истакна дека Бијело Поље и Струмица имаат доста сличности и заеднички цели, што беше и главната причина за збратимувањето на двата града. Исто така подвлече дека Бијело Поље и Струмица се специфични порти на Црна Гора и Македонија, погранични општини со големи земјоделски потенцијали, со исти цели кога се во прашање европските интеграции.

delegacija-bijelopolje (7)

Раководителот на одделението за Локален економски развој во општина Струмица,  Тони Милушев, заблагодарувајќи се на домаќините за укажаната чест и покана за присуство на фестивалот, истакна дека со ваквите форми на дружење можеме да се сподели се што е заедничко, да се понесат нови искуства, се со цел унапредување на односите и развојот на понатамошните облици на соработка  за унапредување и подигање на квалитетот на животот на граѓаните на  општинините Струмица и Бијело Поље.

delegacija-bijelopolje (8)

 

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа во Струмица, повредени неколку лица

А1он

Струмичани ќе се возат во јапонски автобуси од 700.000 евра

Орце Костов

Најмногу дожд во Струмица

Во Струмица мерки за заштита од загадениот воздух

Мајка од Струмица e осомничена за запуштање и малтретирање на дете

Горан Наумовски

Трите деца од семејството на девојчето кое се лекува од тешки повреди во Клинички во Скопје ќе добијат старател

Катерина Ѓуровски