ФОТО: „Фамозната“ фонтана на градскиот плоштад во Штип повторно секна!

Од:

За реконструкцијата на штипскиот плоштад „Слобода“ беа издвоени 310.000 евра од кредитот што Општина Штип го зеде од Светска банка за проектот: „Реконструкција и санација на речното корито и изградба на платформи над реката Отиња“ , а изнесува 2.000.000 евра.

Според изјавата на Александар Арсовски од Одделението за Локален економски развој (ЛЕР) при Општина Штип дадена на 30 ноември 2011 година, во присуство на претставниците на Светската банка, Министерството за финансии и раководството на градежната фирма „Бетон“, реконструкцијата требаше да биде завршена во рок од четири месеци.

fontana-stip

Фонтаната, која е дел од идејното решение во проектот за реконструкција на градскиот плоштад, му создаде главоболка за изведувачот ГП„ Бетон“-Штип и го одложи предавањето во употреба на плоштадот за една година.

Фонтаната беше една од причините поради кои, во два наврати, на 28 септември 2012 и на 16 октомври 2012, комисијата за технички преглед не изврши прием на плоштадот од страна на ГП „ Бетон“- Штип.

fontana-stip1

И покрај шпекулациите што кружеа низ јавноста дека плочките се второкласни, а инсталацијата за осветлување на фонтаната е толку лошо поставена што ниту една фирма не се осмелува да изврши нејзино поврзување, сепак, на 19 февруари годинава, граѓаните на Штип беа пријатно изненадени. Низ фонтаната на градскиот плоштад успеа да протече вода, занемарувајќи го фактот дека висината на водоскоците ни одблизу не ја достигнува предвидената во идејното решение за кое беа издвоени средствата од кредитот земен од Светската банка за обновата на плоштадот.

fontana-stip2

Радоста на граѓаните не траеше долго. Само дваесетина дена подоцна фонтаната повторно секна.

Локалните власти молчат за датумот кога плоштадот и официјално ќе биде пуштен во употреба и за тоа дали од ГП „Бетон“- Штип ќе се бара одговорност поради многубројните пропусти во изведбата, кои се очигледни и за обичниот човек.

fontana-stip3

Граѓаните на Штип на шега коментираат дека проектот „Реконструкција на плоштадот“ светлото на денот можеби ќе го види на 15 март, кога владејачката коалиција има закажано митинг токму на овој плоштад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово

Убиството на штипјанката Пешева да се квалификува како фемицид бараат невладите организации