(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

Од:

Покрај критиките и минатогодишните протести за начинот на кој се изведува екстерното тестирање, учениците и оваа година ќе полагаат по стариот принцип.

Иако најавите се дека учениците без проблем и со мали задоцнувања го полагаат екстерното тестирање, сепак тие секојдневно на социјалните мрежи објавуваат фотографии со аномалии од компјутерското тестирање. Овојпат, ученик до редакцијата на А1он испрати фотографија од екстерното тестирање на кое прашањето е „Што можеш да прочиташ на оваа географска карта на Република Македонија?“, а на тестирањето фотографија нема.

Минатата година средношколците осумнаесет дена кампуваа пред Министерството за образование и наука, по што им беше ветено дека ќе учествуваат во преговорите за нова форма на полагање на државната матура, но министерството никако не попушти за екстерното тестирање кое наместо да биде подобрено, од година во година појавува се поголемо незадоволство кај учениците, родителите и голем дел од професорите.

Би можело да ве интересира

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска

Над 12 000 потписи на петицијата за екстерното тестирање

Ана Ололовска