ФОТО: Еколошка акција „Садница плус“ во општина Центар

Од:

Општина Центар активно учествува во проектот „Садница плус“, во  организација на „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Во акцијата учествуваат сите седум основни училишта и три матични градинки со своите клонови, кои што на 13 и 14 мај засадија желади , со верба дека ќе израснат во  дабови дрвја.

Целта на проектот е засадување и одгледување на садници, при што децата го водат целиот процес од засадување на семки во чашки до подигнување на садниците и нивно одгледување. Тие на посебни ливчиња ги запишаа своите имиња, а воедно и дадоа имиња на садниците.

sadnica-plus-centar (1)

На есен, израснатите садници ќе бидат садени на различни локации на територија на општината.

На овој начин младите генерации еколошки се едуцираат за почитување на македонскиот даб и македонските шуми, а со тоа кај нив се подигнува свеста за чување на природата и чистата животна средина.

sadnica-plus-centar (3)

Низ текот на годините, тие ќе раснат и ќе сведочат за еколошките активности на младите генерации.

sadnica-plus-centar (4)

Со оваа акција, учениците и децата од градинките се дел од глобалната кампања за заштита на природата и шумите и градат одговорност и еко-култура развивајќи се во здрави личности.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски