ФОТО: Две нови инвестиции во локалните економски зони во Општина Илинден

Од:

Во Општина Илинден во изминативе два дена се поставени два камен темелници на нови стопански субјекти.

Во локалната економска зона Илинден инвеститорот Де-та Сара Фешн на парцела од 2.300 метри квадратни ќе гради објект со површина од 1.300 метри квадратни. Во локалната економска зона Марино-Кадино, пак, на парцела со површина од 3.900 метри квадратни инвеститорот Белина ќе гради објект од 1.800 метри квадратни.

kamen temelnik4

На поставувањето на камен темелниците присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски кој им посака успешна работа.

kamen temelnik3

Во наредниот период се очекува пуштање во употреба на неколку веќе изградени стопански субјекти, како и отпочнување со градба на нови.

kamen temelnik1

Во таа насока Општина Илинден интензивно работи на планирање на нови актрактивни локации и креирање на поволна деловна клима за домашните и странски инвеститори, велат од Општината.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево