ФОТО: Војската со која се заканува Иванов, оставена во мизерни услови

Од:

Дупки на таванот, оштетени тушеви и столчиња наместо лавабоа. Таква е сликата во касарната во Штип. Од фотографиите до кои дојде А1он може да се видат лошите услови во кои се наоѓа касарната.

Од таму за А1он велат дека за очајно лошата состојба во касарната реагирале повеќе пати, но никој не ги слуша, ниту врховниот командант.

– Пративме писмени реакции до министерот за одбрана и до претседателот како врховен командант, но никој не одговори на нашите барања. Се тушираме и бањаме со ладна вода, а бидејќи туш кабините се искрешни, често се гледаме голи додека се бањаме, вели еден од војниците.

Овие мизерни услови во касарната се случуваат во време кога Ѓорге Иванов неколкупати во своите обраќања до јавноста се повикуваше на војската,па дури и се закануваш дека ќе ја извади на улица, а најбогатата партија во Европа која се уште е на власт од својата партиска зграда направи палата со најлуксузен ентериер.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он