ВИДЕО: Драстично помалку граѓани на денешниот протест кај “Мајчин дом”

Од:

По денешната изјава на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин за моментално стопирање на изградбата на 9 катницата кај “Мајчин дом” граѓаните во драстично помал број излегоа на протест кај овој дел од општината каде покрај групата граѓани и случајните минувачи, превентивно присутни се и припадниците на полицијата. Присутните излегоа на булеварот, каде го блокираа собраќајот.

Искра Манојловска од граѓанската организација “Сакаме Аеродром да дише” во име на граѓаните од општина истакна рече дека не се изненадени од оваа одлука на градоначалникот Марин за стопирање на изградбата која е очекувана после вчерашниот протест.

-Очекувавме ваква одлука бидејќи истото го направи и минататиот градоначалник Ивица Конески кој интервенираше дури откако граѓаните реагираа за оваа градба. Нема да паднеме два пати на иста финта, утре јадрото на организаторите имаат средба на која ќе се одлучи како ќе се дејствува понатаму, рече Манојловска додавајќи дека се уште не се знае дали ќе учествуваат на седницата во општина Аеродром закажана за в петок.

Градоначалникот Марин на денешната прес-конференција информираше дека изградбата е времено стопирана на 15 дена поради одредени неправилности на градилиштето.

Тој за петок закажа вонредна седница на која треба да се изнајде заедничко решение за овој проблем, а на која се поканети сите засегнати страни.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По заканите со убиства и тепачки, учесникот на протестите во Битолско му се извини на целиот државен врв

Катерина Ѓуровски

Илјадници луѓе на улиците на Лос Анџелес; Протестот против ICE ескалираше во судири

CBS: 1.500 американски војници се подготвени за интервенција во Минеаполис

Илјадници жители на Гренланд маршираа против Доналд Трамп: Направи ја Америка да си оди

Предраг Петровиќ

Хуманитарен работник e убиен во Иран, петмина се ранети

(ВИДЕО) Иранки палат цигари јавно од запалени фотографии од ајатолахот Али Хамнеи

Горан Наумовски