ФОТО: Диви станоиздавачи во Охрид и покрај казните, повторно во акција

Од:

Диви станоиздавачи на главниот булевар „Туристичка“ во Охрид и понатаму има во голем број. Казните од 700 евра и мерките на градските власти не ги исплашија охриѓани, па шансата за парче леб и понатаму ја гледаат во издавање на соби за туристи.

И така слабата туристичка сезона со гости гледаат да ја надополнат со по некој турист од внатрешноста на државата или од странство.

divistanoizdavaci (2)

 

Бројот на станоиздавачи е поголем во попладневните часови, но се уште за нив демнее опасноста да бидат казнети со глоби од по 700 евра, ако инспекциите на Пазарниот инспекторат, полицијата и Секторот за туризам ги најдат на лице место како нудат соби за туристи.

divistanoizdavaci (3)

По се изгледа мерките на општината не се толку страшни, колку слабата сезона и беспарицата која се заканува.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид