ФОТО: Децата во градинката „Кочо Рацин“ учат преку играње

Од:

Во детската градинка „Кочо Рацин” на општина Центар веќе 49 години се инвестира во животот на малите деца, во нивното рано учење и развој.

Во градинката децата учат  и преку игра и учењето го доживуваат како забава која претставува основа за развивање на нивниот целосен развоен потенцијал.

Колку повеќе квалитетно искуство ќе стекнат рано во детството,толку побрзо ќе и се развиваат.

Gradinka Koco Racin (3)

Токму затоа со децата од 3 до 6 годишна возраст во сите објекти се реализираат проектни активности на одредени теми.

Во објектот „Наум Наумовски Борче” се реализираше проектот „Дрвото дар од природата” како дел од програмата-Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем”.

Целта на проектот беше кај децата преку набљудување, истражување, решавање на проблемски ситуации и други содржини, прилагодени на детските развојни можности да се запознае природата како единствена книга која на сите листови нуди многу содржини.

Gradinka Koco Racin (2)

Се она што децата го видоа и научиjа го изразиjа преку ликовни творби,драмски и музички со што се претставија пред бројните гости и родителите.И во иднина воспитно-згрижувачкиот кадар од градинката ќе продолжи активно да работи и да вложува во раниот детски развој, затоа што како што кажал Жан Жак Русо:” Воспитувањето на децата е работа во која мораме да знаеме како да го трошиме времето за да не го изгубиме”.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година