ФОТО: Честитки од Жерновски за првачето на Груевски

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска ја сподели радоста со првооделенчињата во неколку основни училишта кои припаѓаат на територијата на Општина Центар.

На првиот училишен час беше во Oсновното училиште „Димитар Миладинов“, се ракуваше со премиерот на Република Македонија, Никола Груевски и неговата сопруга Боркица, и посака успех на нивната ќеркичка Анастасија која токму во ова училиште во Општина Центар ќе влезе во светот на знаењето.

1174224_10151820971729593_667404674_n 1208783_10151820973829593_2107546064_n

Во ова училиште децата од оваа година ќе учат во многу почиста средина, затоа што после 58 години сменети се подовите.

goce 3

Жерновски се дружеше и ја проследи приредбата организирана за новите ученици во ОУ „Гоце Делчев“.

„Вратата на таткото на Општината Центар, градоначалникот Жерновски Ви е секогаш отворена. Вашите деца не се ваши деца, тие се синови и ќерки на животот. Нивните души припаѓаат на утрешнината“, рече во своето обраќање директорот на ОУ „Гоце Делчев“, Камелија Симоновска.

goce 1

Спортската сала во истото училиште е веќе завршена, поставени се 2 коша, 2 гола, префарбана е оградата на училиштето, а поставена е и нова урбана опрема.

goce 4

Градоначалникот Жерновски ги испроба своите способности во кошарката.

goce 5

Учениците од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ го одиграа првиот фудбалски натпревар на реконструираното игралиште.

pestaloci 3

„Задоволен сум како помина првиот училишен ден на првачињата во 7-те ОУ во општината. На првачињата сакам да им порачам дека општина Центар секогаш ќе се грижи за нив. Ќе имаат отворена врата, секогаш може да се надеваат на нашата поддршка. До родителите-да ги подржуваме секогаш децата, но да не дозволиме премногу да се мешаме во нивниот избор и нивниот живот, затоа што ним им припаѓа иднината“, рече Жерновски.

pestaloci 2

Градоначалникот беше и во ОУ „Коле Неделковски“, кое доби ново фудбалско игралиште со вештачка трева.

kole 3

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска