ФОТО: Битола станува претесна за автомобилите

Од:

Хаосот во сообраќајот е секојдневие за битолчани веќе подолго време. Битола е едниствената поголема општина во Македонија без претпријатие за регулирање на паркинзите.

bitola-parking-maj (2)

Оргромен е бројот на увезени стари автомобили, а премалку места за паркирање, па поради тоа битолчани  се приморани да паркираат каде што ќе стигнат за да можат да ги завршат своите дневни активности.

bitola-parking-maj (3)

Посебно ваката хаотична ситоација се чувствува во пазарните денови, кога голем број автомобили влегуваат од околните села и речиси е невозможно да се стигне навреме  кон посакуваното место.

bitola-parking-maj (4)

Во неколку наврати во предизборните програми битолчани можеа да слушнат ветувања за подземни гаражи во централното гратско подрачје, проект што беше предвиден уште од 2009, а е дел и во последната  изборна програма на актуелната локална власт, ветувања за паркинзи и катни гаражи. Сепак, сообраќајниот хаос во Битола сè уште чека на свое решение.

bitola-parking-maj (5)

Дополнителни потешкотии во сообраќајот деновиве предизвикуваат и дупките, кои се отворија на повеќе улици, дел поради обилните врнежи во изминатата недела, кои ги раскопаа „крпениците“ што се правеа за предизборната кампања, а  дел од поодамна заборавени.

bitola-parking-maj (6)

Од ваквата ситуација најмогу се жалат и велат дека трпат наголеми загуби битолските таксисти, кои тврдат дека со вакви улици и без соодветни паркинг-места, но и превисоки казни за погрешно паркирање, тешко дека ќе можат да опстанат.

bitola-parking-maj (7) bitola-parking-maj (8) bitola-parking-maj (9)

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Му ја скрши главата со дигалка за автомобил поради кавга за паркинг место

А1он

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола