Над 100 граѓани од општина Илинден денеска ја искористија можноста за бесплатен превентивен лекарски преглед пред спортската сала „Гоце Делчев“. Тим на стручни медицински лица од Службата за итна медицинска помош на граѓаните им проверува холестерол, шеќер во крвта, им мереа крвен притисок и делеа ампуларна терапија.
Освен лекарските прегледи на граѓаните им се даваа и совети за исхраната, терапијата и превенција од карди-васкуларни заболување и покачен крвен притисок.
Превентивни прегледи започнаа од 8:30 и траеа до 13 часот попладне, а заинтересираноста на граѓаните за бесплатно да го проверат своето здравје беше огромна. Акцијата за бесплатни превентивни лекарски прегледи е чекор повеќе кон здрав живот, намалување на заболувањата и смртноста на населението, се вели во денешното соопштение од општина Илинден.