ФОТО: Балконите во Центар се претвораат во билборди

Од:

Во пресрет на референдумот за ГТЦ во Општина Центар кој се одржува следната недела  (26 –ти април), центарските балкони се користат како рекламен простор за промоција на референдумот и повик за гласање. Поддржувачите на референдумот на своите балкони или прозорци закачуваат платна со пораки и на креативен начин ги поттикнуваат гласачите на Центар на масовна излезност на првиот општински референдум.

Platna 1

Пораките најчесто гласат „Излези за ГТЦ“ „Референдум ГТЦ  – 26 Април“ „Гласај за ГТЦ“,  а платната се со различни големини и на некои тераси достигнуваат должина и до 5 метри.

platna 3

Од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ информираат дека се запознаени со акцијата и ја поддржуваат со тоа што нивните активсти ги изработуваат платната за оние граѓаните кои сакаат да ги постават. Велат дека интересот е огромен и дека досега имаат поставено околу дваесетина платна, но бројот секој ден се зголемува.

Platna 5

„Заинтересираните граѓани можат да ни достават димензии за платното според големина на просторот каде сакаат да го закачат и ние ќе го изработиме. Сите кои сакаат да помогнат може да ни ги пратат димензиите на нашата Фејсбук страна или да не контактираат на е – маил“, велат од иницијативата.

Platna 4

Нарачки за платно може да се направат и на главниот штанд на улица Македонија а од таму и се подигаат веќе изработените платна.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски