ФОТО+ВИДЕО: „Апаши, апаши“ извикуваа демонстрантите пред Собранието

Од:

„Апаши, апаши“, вака извикуваа пред Собранието на Република Македонија хонорарците, студентите, невладини организации, актерите, уметниците, граѓаните.

Со извиците и паролите „Не сум економски роб“, „Намалете ги хонорарите и на функционерите“ и „Сиромашните – посиромашни, богатите – побогати, започна протестот, со кој насобраните сакаат да и докажат на власта дека не се согласуваат со мерката, на сите приходи од хонорари да наплатуваат придонеси од 34 посто.

honorari=prometej13

Како што инсистираше организаторот протестот е непартиски, без партиски обележја. Застанувајќи пред споменикот „Прометеј“, Здравко Савевски од „Ленка“ рече  – Ако за гаќите на Прометеј имало 100 илјади евра, како сега нема пари за друго, и мора преку одземање пари од хонорарите да се полни буџетот.

honorari=prometej

„Се зема од сиромашните за се повеќе да се дава на богатите“, рече Савевски.

Групата тргна кон Министерството за труд и социјална политика, а потоа ќе се движи и кон Владата на Република Македонија.

На протестот се придружија и студентите кои се солидаризираат со барањата од протестот, а кој што се незадоволни од тоа што без јавна дебата, владата ги изигра и на вчерашната отворена седница едногласно го поддржа Законот за високо образование.

honorari=prometej2

Студентите не се согласуваат со воведување на државен испит, затоа бараат обединување.

Т.Ц

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите