(ВИДЕО) „Ајде“: Политиката кај граѓаните

Од:

Активисти денеска напладне ја блокираа улицата пред Собрание, седнаа на столчиња, 123 на број и симболично на тој начин им порачаа на пратениците и на власта дека бараат поголема вклученост на народот во политичките одлуки и враќање на политиката во рацете на граѓаните.

Членовите на „Ајде“ пред Собранието на Република Македонија порачаа дека граѓаните се извор на суверенитетот и дека демократијата не е можна без активни, слободни и здружени луѓе. Претставниците на „Ајде“ истакнуваат дека се работи за неформална, но ораганизирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги здружи расцепканите демократски сили во земјата.

„Ајде“ е платформа за граѓанска политика, која ќе вклучува разни здруженија и иницијативи со цел граѓаните повторно да станат главни чинители на политичките одлуки, ослободени од партиската поделеност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите