ФОТО: Ахмети во градот на светлината

Од:

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја заврши дипломатската турнеја во Париз. Toj на средбите со француските власти побара активно вклучување на официјален Париз во процесот на решавање на спорот со името, со цел да се стави крај на дводеценискиот проблем што ја држи како заложник евро – атлантската перспектива на земјата.

Ахмети во Париз беше пречекан од високи функционери на француското Претседателството, Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана како и претставници на Франција во институциите на Европската унија.

Ахмети при посетата на Париз се сликаше и со најголемата знаменитост на главниот француски град, Ајфеловата кула.

Утре, лидерот на ДУИ, кој е прудружуван од неговиот партиски колега и министер за евроинтеграции, Фатмир Бесимир ќе имаат средби со политичките субјекти во Брисел, Белгија.

Би можело да ве интересира

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

ДУИ: Владин дебакл – 30% зголемување на цената на нафтата

ДУИ: Во понеделник ќе поскапат дериватите, итно да дејствуваат институциите

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ДУИ: Владата да дејствува, од понеделник ново поскапување на нафтата