ФОТО: 11 века стариот oхридски чинар преполовен од тежината на снегот

Од:

Од тежината на снегот кој наврна во Охрид дојде до преполовување на Охридскиот чинар.

Се работи за оштетување на поголем дел од дрвото, кој се наоѓа од страната кон чаршијата. Ова не е прв ваков случај.

И претходно се случуваше од тежината на снегот чинарот да попушти но вакво уништување не е познато.

Охридскиот чинар кој е и туристичка атракција за многуте домашни и странски гости кои секојдневно го посетуваат градот е стар повеќе од 1100 години, односно 11 века.

Охридскиот чинар неодамна беше и конезервирано поради опасноста целосно да биде уништен, а е заштитен и со закон и прогласен е за споменик на природата.

Би можело да ве интересира

Пожар во населбата Даљан во Охрид, има повредени

Горан Наумовски

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Насилникот во Охрид пуштен, таткото на Сара од вчера  во полициска станица-правда мора да има

Предраг Петровиќ

„Татко му давал насоки како да се ослободи од телото“ – тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари