Форум за перспективите и потенцијалите на миграциите

Од:

Иселувањето и мобилноста на младите, лекарите и уметниците, влијанието на миграциите на деловниот и другите сектори, како и улогата на граѓанскиот сектор во адресирање на миграциите се темите за кои ќе се дискутира на денешниот форум „Предизвици, перспективи и потенцијали на миграциите“, што ќе се одржи во Чифте амам.

Организатор е програмата за поддршка на граѓанското општество во Македонија „Цивика мобилитас“.

Форумот ќе го отвори амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада. На панелот „Перспективи и потенцијали на миграциите во и вон Македонија“ ќе зборуваат: Едмонд Адеми, министер без ресор задолжен за дијаспора, Златко Николоски, претседател на „Нов контакт“, Калина Гривчева-Старделова, претседателка на Лекарската комора на Македонија, Методија Стојчевски, претседател на Младинскиот сојуз Крушево, Емилија Тодорова, претставник на Форум за демократска Македонија и Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

По првиот панел, ќе биде одржана работилницата „Заедно за акција: Потенцијалите од миграцијата за Македонија“, на која учесниците ќе идентификуваат и договорат заеднички идеи и акции.

Новата фаза на „Цивика мобилитас“ обезбедува поддршка за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество во периодот од 2014 до 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци кои ги обезбеди Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ).

Би можело да ве интересира

Форум за културна дипломатија: Неопходни ни се граѓани посветени на мирот и солидарноста

(ВИДЕО) Ковачевски: Македонски келнери во Блед ме молеа „внесете не во ЕУ, сакаме да се вратиме дома“

Орце Костов

Посебен сообраќаен режим и безбедносни мерки за време на Преспа форум за дијалог во Струга

Форум за зајакнување на европската интеграција на Западен Балкан

Ана Ололовска

Македонско-италијански бизнис форум 2019

Ана Ололовска

Иновативно решение од Македонија меѓу 50-те најдобри старт-ап бизниси на Форум во Истанбул