Форум на жени на ЛДП: Родовата еднаквост е нашата цел

Од:

Форумот на жени при Либерално-демократската партија на Македонија , на сите припаднички од понежниот пол им го честита 8-ми март, денот кој ја симболизира борбата за остварувањето на женските права.

„Економска, политичка и социјална рамноправност на македонската жена е нашата цел. Оттука, борбата за остварување на родовата еднаквост и заложбите за почитувањето на женските права, се и остануваат приоритети на Форумот на жени на Либерално-демократската партија.

„Жените и мажите имаат посебни улоги – нивните улоги често можат да бидат различни, но, нивните права се секогаш еднакви“, ќе изјави Хари Холкери, поранешниот премиер на Финска и поранешен претседател на Генералното Собрание на Обединетите нации.

Меѓу нашите основни заложби е и слободното практикување на основните човекови права, кои како што ќе рече Хилари Клинтон –„Човековите права се женски права – и женските права се човекови права“, се вели во честитката по повод 8. Март од Форумот на жени на ЛДП.

.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

„Нема да нè снема“ – Осмомартовски марш за женските права во Скопје