А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Форум на жени на ЛДП на семинар за зајакнување на либералните политики во државата

by А1он09/07/2017 - 13:41233
Share0

Форумот на жени при Либерално-демократската партија, овој викенд, од 7ми до 9-ти јули, со поддршка на германската фондација „Фридрих Науман“, одржа семинар насловен како „Зајакнување на либералните политики во Македонија“.

Следете a1on на Instagram Instagram

На семинарот учествуваа членките на форумот од повеќе општински организации во Македонија. Во рамки на темите на семинарот посебен акцент беше ставен на актуелната политичка состојба во државата, улогата на жените во креирањето и реализацијата на политиките на ЛДП, како и на јакнење и промоција на либерални принципи во државата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Модератори на семинарот беа Претседателот на Академијата на Хрватска Народна Странка (ХНС), Борис Блажековиќ, координаторот за Бугарија и Македонија на Фондацијата „Фридрих Науман“, Ивајло Цонев и претседателката на Форумот на жени и пратеник во Собранието на РМ, Јулиана Николова, соопштуваат од ЛДП.

Присутните на семинарот ги поздравија и им се обратија, Претседателот на ЛДП и пратеник во македонското Собрание, Горан Милевски и Потпретседателот и Министер од ЛДП, Зоран Шапуриќ.

Овој семинар е дел од редовната соработка помеѓу Форумот на жени, ЛДП и фoндацијата “Фридрих Науман“.

ldp

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Катерина Ѓуровски13/10/2026 - 09:19

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

Предраг Петровиќ04/10/2026 - 11:22

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ03/10/2026 - 09:1603/10/2026 - 09:55

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 09:53

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Предраг Петровиќ08/06/2026 - 16:46

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он23/01/2026 - 19:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео