Форум на слободоумни патриоти со предлози за решавање на политичката криза

Од:

Форумот на слободoумни патриоти изразува големата загриженост за правецот во кој се движи Република Македонија и смета дека е неопходно да се спречи понатамошното продлабочување на политичката и државната криза.

– Форумот предлага одвивање на неколку решенија со цел да се врати довербата и непреченото функционирање на системот, отстранување на деструктивните страсти и на опасноста од меѓуграѓански и меѓуетнички судири, практично остварување на уставните гаранции за слободите и права на човекот и граѓанинот, демократијата и слобода на медиумите и непристрасно иформирање, соопштуваат од Форумот.

Спроведување на заклучоците (правните квалификации и препораки) од потпишаниот договор на Ад Хок Комисијата која произлезе како обврска од Мартовскиот договор од 2013 година. Да се пристапи кон одвивање на политички дијалог меѓу позицијата и опозицијата во функција на изнаоѓање решенија за смирување на политичката криза и тензија, изнаоѓање заеднички прифатливи решенија за излез од кризата, како и за враќање на опозицијата во Собранието согласно сугестиите на ЕУ. Во однос на актуелното прислушување да се формира посебна мешовита Анкетна комисија составена од пратеници, партиски претставници, домашни и странски експерти за утврдување на прашањата поврзани со прислушувањето.

Задача на Комисијата е да донесе соодветни заклучоци и препораки како и да утврди кривична, политичка или друг вид на одговорност на инспираторите, креаторите и извршителите на против уставните незаконски дејанија. Веднаш да се пристапи кон изготвување на пакет на законски решенија кои би го зајакнале институционалниот и демократскиот капацитет на земјата со цел во иднина ваквите случувања и кризи да бидат спречени.

Пакетот законски решенија се однесува на реализазија на: Доследна примена на начелото на поделба на власта со цел да се спречи концентрација на моќта во една гранка на власта и потполна финансиска автономија на Собранието на РМ, правосудството и универзитетите.

Засилување на контролата на безбедносниот систем и превенција од идно кршење на човековите права по пат на незаконски прислушување или слични прекршувања, слобода на медиумите и рамноправно претставување на политичките партии во медумите, реформа на регулативата за политичките партии во функција на демократизација на општеството и нивно одвојување од државата Враќање на парламнетарната контрола на правосудниот систем, негова департизација и финансиска самостојност, други поединечни механизми за зајакнување на балансот и контролата на политичкиот систем поврзани со регулаторните тела, конесензуално усвоена економска стратегија и мерки во функција на економска и социјална стабилност на општетството и запирање на масовното иселување од државата, стои во соопштението на Форумот.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза