Македонија останува пример за органско производство на мед, а автохтоната македонска пчела го живее периодот на европската, од пред 150 години, заштитена од хемикалии и во чиста еколошка средина.
Ова е оценката на странските експерти и на пчеларите кои престојуваа во Делчево преку проектот „Live and let bee“ во рамки на Еразмус плус програмата на ЕУ. Тие на денешната последна сесија од форумот го истакнаа и квалитетот на македонскиот мед.
Како што беше речено, постои и интерес за пласман на македенскиот мед во Холандија и Велика Британија.
Според Фери Хрхцелајз од Холандија, болестите, хемикалиите и климатските промени ги уништија пчелите во Европа, а Македонија останува пример за органско производство на мед.
– Состојбата со пчелите во Македонија во споредба со онаа во Европа, наликува на периодот од пред 150 години кај нас. Во таа смисла, медот е број еден, зашто земјоделството е се уште традиционално. Сепак забележувам дека луѓето овде почнуваат да користат повеќе хемикалии. Се надевам дека нема нивната употреба да се зголеми, мислам дека луѓето овде ќе бидат многу попаметни од нас, рече Хрхцелајз.
Гизем Алтан од Турција укажа дека бројот на пчели е се помал, а тоа го вклучи алармот кај сите пчеларски здруженија.
– Знаеме дека бројот на пчелите е се помал и сакаме да направиме нешто. Овде во Македонија посетивме традиционални пчеларници и многу сме задоволни од тоа што го видовме. Овде има одлични пчели, а традциионалниот начин на производство на мед и малата употреба на хемикалии во третирањето на пчелите ги дава овие предности на макеодскиот мед, истакна Алтан.
Здружението на производители на органски производи „Аронија“ од Делчево е партнер во овој голем проект кој ги отвора вратите за пласман на македонскиот мед, истакна Фиданчо Христов.
– Органски пчеларници во Холандија и Англија нема, бидејќи таму е многу загадена почвата и многу се прска со хемикалии. Тие сакаат да спроведеме активности за да го извезуваме нашиот мед кој е доста кавалитетен. Се надевам дека ќе ни успее намерата да го пласираме медот и надвор од земјава, рече Христов.
Поектот кој ги обединува пчеларите од Европа и Турција, почна од Холандија, а ќе заврши во Турција во 2017 година, каде ќе се одржи конференција за органски пчелари на која ќе присуствуваат и пчелари од Македонија.