Формирана интернет платформа за правна помош на жени кои претрпеле семејно насилство

Од:

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) со поддршка на проектот на УСАИД за граѓанско учество денеска ја пушти во употреба првата интернет платформа „Побарај совет “ за обезбедување правна поддршка на жените кои претрпеле семејно насилство.

Преку оваа платформа, како што информира здружението, жените ќе добијат информации за законските можности за заштита од семејно насилство, а ќе имаат и можност да постават конкретни прашања за надминување на проблемот со насилството и разрешување на проблемите кои се последица на семејното насилство, како што се разводот на брак, старателството над децата, издршката, имотните односи, наследувањето, кривичните дела поврзани со семејното насилство, можностите за итна заштита преку привремени мерки за заштита…

-Платформата за правна помош содржи и посебен дел за практичарите од надлежните институции, како што се центрите за социјална работа, полицијата, Основното јавно обвинителство и судовите. Покрај информациите за законската регулираност и надлежностите на надлежните институции, практичарите ќе имаат можност да постават прашања и да се консултираат при постапувањето во предмети поврзани со семејното насилство, соопшти ЕСЕ.

Од Здружение веруваат дека оваа платформа ќе овозможи олеснување на пристапот до правда и разрешување на правните проблеми, преку зголемување на нивото на информираност и правно зајакнување на жените кои претрпеле семејно насилство во услови на вонредна состојба.

Обезбедувањето на навремени правни совети и поддршка согласно специфичните индивидуални проблеми на жените, според Здружението, ќе придонесе за нивно правно зајакнување и подготвеност самостојно да се вклучат во постапките за остварување на нивните права пред надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Пијан татко си ја истепа ќерката

Уапсен е скопјанец кој пукаше кон сопругата, па им се закануваше на ќерките

Горан Наумовски

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски