Формирана група за личен раст и развој на луѓето во рамки на гевгелиската општа болница

Од:

Во рамки на гевгелиската Општа болница веќе неколку месеци работи новоформирана група за личен раст и развој, која под водство на психологот Розита Андонова еднаш неделно одржува состаноци.

Според Андонова, групата е наменета за сите гевгеличани кои би сакале да научат нешто повеќе за себе,подобро да ја запознаат и надоградат својата личност, да разберат зошто во одредени ситуации се однесуваат на одреден начин, да ги надминат своите фобии, како да се соочат со проблемите или пак доколку сакаат, како да променат нешто во својот живот.

– Интерес постои иако ова нешто се уште е табу тема бидејќи луѓето се срамат и плашат како средината ќе реагира кога ќе дознае дека се посетува ваква психотерапевтска група.Сепак мразот е скршен.Групата моментно е составена од осум члена на возраст од 20 до 78 години и останува отворена за нови членови.Состаноците на кои членовите потполно се отвораат,се строго доверливи и дискретни и на нив третираме теми од анксиозноста па се до семејното насилство,вели психолот Розита Андонова.

Со цел да се помогне животните проблеми да се согледаат од многу аспекти и да се запознае цел опсег на стратегии за нивно решавање во Општата болница во Гевгелија се планира во најскоро време да се отвори група за помош и подршка на заболени од карцином како и работилница за деца.

Би можело да ве интересира

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството