Формирана ЕЦПД-Алумни Македонија

Од:

Асоцијација за вмрежување на сите академици, научници, професори, студенти и соработници од Македонија со Европскиот  центар  за  мир  и  развој ЕЦПД е формирана денеска на основачкиот собир на ЕЦПД – Алумни Македонија, во просториите на Македонската  академија  на  науките и  уметностите во Скопје.

Академик Владо  Камбовски, кој е претседател на Советот  на  ЕЦПД при Универзитетот за мир основан од ОН за Балкан го поздрави осознавањето на потребата од продолжување на соработката на универзитетот со студентите преку формирање на оваа алумни асоцијација.

– Алумни асоцијацијата собира еден значаен човечки капитал, знаења и умешности. Таа ја изразува потребата од воспоставување на тесна врска меѓу универзитетот и студентите кои поминуваат низ него. Особено е значајна во концептот на цело животно учење, бидејќи знаењата стекнати на универзитетите имаат ограничен рок траење и оној што сака да остане во светот на науката мора постојано да учи, истакна Камбовски.

Академик Димитар Мирчев на отворањето на основачкото собрание порача дека се формира една благородна асоцијација, научно-општествена практично корисна асоцијација.

– ЕЦПД постои повеќе од 30 години и во меѓувреме оствари исклучителни резултати во научно-истражувачката дејност, во издавачката дејност, во научните комуникации и конференции и во нашиот регион и во Македонија, меѓутоа и пошироко. Само во нашата република низ неговите образовни програми имаат завршено повеќе од 55 кандидати. Тоа е голема маса на научен кадар, оспособен, апсолутно вклучен во општествената научна практика кој исклучително и помага на нашата држава во нејзиниот развој, нагласи Мирчев.

На денешното конститутивно собрание едногласно беше донесен деловникот за работа на ЕЦПД-Алумни Македонија и беа избрани Димитар Мирчев за претседател на Собирот на ЕЦПД-Алумни Македонија, Никола Поповски за извршен раководител на ЕЦПД-Алумни Македонија и Владо Камбовски за почесен Претседател на ЕЦПД-Алумни Македонија.

ЕЦПД-Алумни Македонија има за цел, како и сите други алумни асоцијации, да создаде мрежа на професионални и лични контакти помеѓу сите студенти на специјалистички,  магистерски  и  докторски  студии кои  го завршиле своето школување и се стекнале со научно звање во рамките на ЕЦПД Универзитетот за мир, а кои се од Република Македонија или живеат во Република Македонија, и сите сегашни студенти, професори и соработници на ЕЦПД од Република Македонија, како и учесниците во меѓународните школи, семинари, курсеви, конференции и други научни собири во организација на ЕЦПД.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза