Формиран регионален кризен штаб за пожарите со седиште во Кавадарци

Од:

Формиран е регионален кризен штаб за пожарите во државата со седиште во Кавадарци. Со кризниот штаб ќе координира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Ова е одлуката што синоќа била донесена на координативен состанок за пожарите, одржан во Неготино.

За седницата информираше градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Како што наведува, учествувале министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, директорот на ЦУК Стојанче Ангелов, командирите на ТППЕ и колегите градоначалници од општините кои се зафатени со критичните пожари.

-По насока на Владата и премиерот Христијан Мицкоски ги поставивме контурите на нашето делување и уште од вечерва почнуваме со акција. На терен ќе бидеме ние, припадниците на АРМ, МВР, воздухоплови испратени од нашите пријателски земји и нашите капацитети, како и пожарникарите на кои морам да им искажам длабока почит за нивната пожртвуваност и борба која ја даваат во справувањето со огнените јазици, напиша Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Израел го напуштија 20 наши граѓани, бројката на оние кои сакаат да заминат надмина сто

A1on

Пендаровски и Главниот кризен штаб ја разгледуваа состојбата со Ковид-19

Кризниот штаб во Битола бара построга контрола на групирањето на граѓаните

Хрватска и БиХ подигаат ниво на подготвеност поради епидемијата на новиот коронавирус

„Кризен штаб против референдумот“: Се бориме Македонците да не бидат избришани од светската мапа на нации

Наум Локоски