Фондот за здравство апелира граѓаните да не ги молат матичните лекари да им препишуваат лекови кои не им се потребни

Од:

Фондот за здравствено осигурување упати апел до сите граѓани, а со цел да се спречи ширење и сузбивање на зараза од коронавирусот.

Од Фондот апелираат да се применува примарно телефонска и електронска комуникација помеѓу осигурениците и здравствените установи, освен при неодложна здравствена потреба.

Осигурениците да ги почитуваат стручните препораки кои ги добиваат од матичните лекари според здравствените потреби за зачувување на здравјето и за правилно лекување.

Да не се бара упатување и да не се посетуваат специјалистите заради продолжување на хроничната терапија, бидејќи сите специјалистички извештаи, конзилијарни мислења и отпусни писма издадени во 2019 година ќе важат до завршување на важење времените мерки.

Осигурениците да не инсистираат и да не бараат матичните лекари да им пропишуваат лекови на рецепт без медицински индикации (по нивна желба и кои не им се потребни).

Осигурениците да ги почитуваат стручните фармацевтски препораки кои ги добиваат во аптеките за начинот на правилна употреба на лековите и другите фармацевтски или медицински производи кои ги користат.

Осигурениците да не купуваат лекови непотребно, односно да не прават непотребни залихи на лекови во нивните домови.

Да не се посетуваат масовно аптеките и матичните лекари особено не во првите денови од месецот бидејќи лекови на рецепт на товар на Фондот има во доволни количини во промет одобрен од Агенцијата за лекови и медицински средства.

„Да се однесуваме сите одговорно и без паника со што ќе го заштитиме нашиот здравствени систем, а со тоа и сите нас како граѓани на РСМ. Само со заеднички напори може да се обезбеди поквалитетна здравствена заштита за сите“, велат од Фондот за здравствено осигурување.

Би можело да ве интересира

Во болница во Куманово донесено десетмесечно бебе затруено со лекови

А1он

Трамп: Ќе ги намалиме цените на лековите за 1.500 отсто

Бебе од Отља се затру со лекови

Првпат во државата во клиника Жан Митрев имплантирана валвула на белодробната артерија без отворање на градниот кош

Предраг Петровиќ

Два лека од оние што недостасуваа пристигнаа на Онкологија

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски