Деведесет отсто од компаниите кои добија државна помош од Фондот за иновации доставиле изјави дали во сопственичката структура имаат носител на јавна функција или член на неговото семејство. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) им даде рок од 15 дена на 79 – те компании добитници на грантови да се изјаснат дали се поврзани со функционери откако беше објавено дека меѓу добитниците има компании во сопственост на функционери.
Колку од компаниите се изјасниле дека имаат функционери или членови на нивни потесни семејства во сопственичката структура, директорот на ФИТР Јован Деспотовски најави дека ќе каже следната недела.
„ Поголемиот дел од компаниите веќе ги доставија изјавите до ФИТР, но дел од нив ги имаат испратено и по пошта, па очекуваме до понеделник да се комплетира и оваа фаза. Досега, танува збор за 77 компании, бидејќи две во меѓувреме се откажаа од понатамошната постапка, за што веќе ја известивме јавноста. Веднаш по истекот на рокот и систематизирање на доставените изјави, Фондот ќе ги стави на увид на јавноста овие информации“ , изјави за „Макфакс“ директорот Деспотовски.
Повторното разгледување на апликациите, каде апликантите декларирале постоење на носител на јавна функција и/или член на негово потесно семејство во сопственичката структура Деспотовски вели дека ќе се изврши во рамките на следната работна сесија на Комитетот која ќе се закаже во најкус можен рок.
„Како директор, ќе побарам и очекувам во најскоро време да се реализира и оваа постапка, односно апликциите на компаниите кои во сопственичката структура имаат носител на јавна функција, повторно да се разгледуваат според критериумите за селекција во согласност со правилниците на повикот. Не би сакал заради овој дополнителен чекор што го правиме, а кој е во насока на зацврстување на кредибилитетот на процесот, предолго да се одложува реализацијата на инвестициските планови на овие компании. Секако, доколку Комитетот и по втор пат одлучи дека условите и критериумите за селекција за нив се исполнети“, вели директорот Деспотовски.
Договорите со грантистите се уште не се потпишани. Со компаниите кои немаат носител на јавна функција, Деспотовски очекува догворите да бидат подготвени и потпишани до крајот на август. Исплатата на првата рата ќе биде веднаш по потпишувањето и откако ќе се достави доказ дека компаниите ги уплатиле своите средства за инвестицијата. Следните исплати од Фондот ќе се реализираат квартално, односно откако ќе се изврши контрола и ќе се утврди дека средствата се искористени наменски и согласно инвестицискиот план.Две од команиите добитници на грантови, „ДОО Гинис 3Д Прилеп“ и „Каст инвест ДОО Скопје“ се откажаа и ги повлекоа своите инвестициски проекти. Во сопственичката структура на „Гинс“ се јавува пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, а пак во сопственичката структура на „Каст иневст“ се јавува вицепремерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Две од команиите добитници на грантови, „ДОО Гинис 3Д Прилеп“ и „Каст инвест ДОО Скопје“ се откажаа и ги повлекоа своите инвестициски проекти. Во сопственичката структура на „Гинс“ се јавува пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец, а пак во сопственичката структура на „Каст иневст“ се јавува вицепремерот за економски прашања Кочо Анѓушев.