Фондот за иновации потрошил еден милион евра за хонорарци и експерти кои не поминале интервју, открија ревизорите

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници во периодот од 2019 до 2021 година, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не поминале процес на тестирање и интервју.

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на работата на Фондот за иновации и технолошки развој на тема „Финансиска поддршка (ко финансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој‘‘ и откри бројни неправилности при ангажирањето на лица.

„Со извршената ревизијата констатирани се одредени недефинирани активности и неусогласености со стратешките, нормативните акти и воспоставените политики од
иновациска дејност и тоа:

– не е извршено ажурирање на Статутот на ФИТР со измените на законската регулатива, со кои се регулираат надлежностите и периодот на ангажман на Управниот одбор, обврски и одговорности на директорот, мандат на Комитетот за одобрување на инвестиции, рок на донесување на одлука од страна на Комитетот, начин на утврдување на надоместок на Комитетот и др. состојба која упатува на колизија на донесените акти со одредбите од Законот за иновациска дејност;
– извршување на активности од страна на ФИТР, кои не се дефинирани во Законот за иновациска дејности и не се усогласени со Стратегијата за иновации 2012-2020 година а доделени со Планот на Владата на РСМ за економски раст, за кои се склучени договори за доделување на средства во износ од околу 596 милиони денари;
– нецелосна реализација на мерките и активностите утврдени со Стратегија за иновации на РСМ 2012-2020 година и Акциските планови за период 2013-2015,2016-2018и 2019-2020 година. Имено, во надлежност на ФИТР утврдени се 16 мерки, од кои 7 седум мерки не се реализирани;
– во актите не е определен рокот за склучување на договорите , а корисниците не доставуваат навреме квартални извештаи и завршен
извештај за претходно спроведени активности“, стои во дел од Извештајот на ДЗР.

Исто така констатирано е дека Годишните програми за работа за период 2019-2021 година не содржат финансиски показатели за планирана финансиска поддршка по одделни инструменти и не обезбедуваат податок колкав дел од средствата се наменети за спроведување на мерките и инструментите од тековната година, а колкав дел се наменети за исплата на пренесени обврски од минати години.

Поради зголемениот обем на работа ФИТР континуирано ангажира надворешни лица кои извршуваат работни задачи поврзани со дејноста, за кои во периодот 2019-2021 година исплатени се средства во износ од околу 46 милиони денари.

Ревизијата смета дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка, за кои исплатени се средства во вкупен износ од околу 16 милиони денари.

„Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори. Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од Договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик Услуги за управување со проекти (мониторинг). “, стои во Извештајот.

Во периодот од 2019 до 2021 година ФИТР има склучено четири рамковни спогодби за набавка на услуги за управување со проекти (мониторинг) во вкупен износ од околу 101 милион денари.

Би можело да ве интересира

Клиниката за очни болести наплатила 65.000 евра помалку за болничко лекување од 1.579 пациенти, утврдија ревизорите

A1on

Детска клиника: Ревизијата е за 2022 година, за 2024 ќе се обезбеди трикафта за сите

A1on

Трикафта има само за 15 од вкупно 140 пациенти со цистична фиброза

A1on

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

За десет години изградени помалку од 40 километри од автопатот Кичево-Охрид за што се потрошени 430 милиони евра, утврди ревизијата на ЈПДП

A1on

Апаратите за магнетна резонанца не се искористени, нема доволно кадар – извештај на ревизорите