Фонд за здравство: Тестовите за коронавирус ја чинат државата од 1100 – 5500 денари

Од:

Фондот за здравствено осигурување испрати објаснување за цената на тестовите за коронавирус  откако синоќа  „А1он“ објави дека државата за тестот одојува 4950 денари и побара објаснување зошто тестирањето е три и четирипати поскапо отколку во приватните клиники. За граѓаните кои имаат здравствено осигурување тестот е бесплатен, а трошоците ги плаќа Фондот за здравствено осигурување. Од Фондот вчера на прашањата за цените на тестовите изјавија дека не можат да дадат прецизен одговор, а денес објаснуваат дека референтните цени на тестовите се движат од  1.100 – 5.500 денари, а во нив се вклучени сите трошоци за медицинскиот персонал, трошоци за одржување на апаратите и просториите како и режиски трошоци.

„Во лабораториската дејност постојат повеќе различни техники за детекција на инфективни причинители како на пример серолошки испитувања при кои се детектираат антитела кон причинителот на инфекцијата и молекуларни испитувања при кои се детектира присуството на самиот причините во овој случај вирусот. Соодветно на ова  Фондот има формирано здравствени услуги за лабораториска дејност во зависност од техниката која се користи во здравствените установи кои имаат договор со Фондот, а се однесуваат за инфекции со корона вирусот Covid-19. Има лабораториски услуги за серолошки анализи на инфективните причинители (ЕЛИСА, ИгМ или ИгГ)  со референтна цена од 1.100 денари и лабораториски услуги за молекуларни анализи за инфективни причинители и истите во зависност од техниката (Полимеразно верижна реакција- PCR и Мултиплекс PCR) и бројот на причинители (еден, повеќе или цел сет на вируси) кои истовремено се детектираат. Постојат повеќе различни лабораториски услуги со референта цена од 3.000,00 до 5.500,00 денари. Во сумата на референтите цени се влезени сите трошоци за извршување на овие здравствени услуги, како што се труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (тука влегуваат однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци. По некои техники се користат само однапред спремени китови, а во други техники и покрај користењето на китови, потребни се други дополнителни активности за припрема за изведување на тестот. Сите тие си носат соодветни трошоци“ стои во соопштението од Фондот за здравство.

Сите наведени цени се со партиципација според Одлуката за висина на учеството на осигурените лица во вкупните трошоци на здравствените услуги, а до Фондот се фактурираат без партиципација. Наведени цени, од Фондот велат дека  се објавени во Службен весник бр.18 од 01.02.2013, а се во употреба од 09.02.2013.

Кој тип на тест и по која метода, е одобрен како дел од протоколот на СЗО за тестирање на инфекција од корона вирусот Covid-19, од Фондот велат дека зависи од одлуката на Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје или Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

„Не може да се дојде до термин на државна кардиохирургија“: Пациентите незадоволни откако Фондот ги намали операциите во приватните клиники

A1on

Штрајк на вработените во ФЗО, рецепти и упати се издаваат, но нема исплати за породилно и боледување

Катерина Ѓуровски

Да не се лаже дека Фондот за здравство нема пари, тоа е институција со најголем буџет порачуваат синдикалците

Катерина Ѓуровски