Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, не го поздравија говорот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен која се обрати од Собранието. Тие наместо аплауз, испратија пораки до неа преку транспаренти. Според нив, предлогот е лош и претставува ултиматум кој не смее да се прифати.
„Ултиматум, не благодарам!“, „Народот вели не, свестете се“, „Македонија не е на продажба“, „Јазикот е идентитетот“, „Чеда на заевизмот, го враќате фашизмот“, беа само дел од пораките на транспарентите прикажани на фон дер Лајен.
Таа продолжи со својот говор. Дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ носеа и маици на кои пишуваше „не“. Некои од пораките, беа испишани и на англиски јазик. Наспроти нив, колегите од СДСМ и владеачкото мнозинство со аплауз ја поздравија претседателката на ЕК.