Фокус: И власта знае зошто Свети Николе е град на смртта

Од:

Тензичната атмосфера во Комисијата за финансирање и буџет, на која се чешла теината на државната каса и начинот на трошењето на парите од народот, продолжува.

Владеачкото мнозинство досега не прифати ниту еден од амандманите на опозицијата, кои се однесуваат на изградба на патиштам пари за гасификација, изградба на пречистителни станици или водоводна мрежа.

Не мина амандманот на Станка Анастасовска за издвојување на филтерна станица во Лозово.

Таа предлага да се земат средства од Министерството  за култура  12 милиони денари и да се пренаменат за да добијат жителите чиста и и да не пијат загадена вода.

„И со тие 12 милиони денари колку би се  извадиле,  пак уште 58 милиони ќе останат за Музејот  на ВМРО“, рече Анастасовска

„Нема потреба од аманманот, ние ќе обезбедиме средства. Амандманот покажува непознавње на состојбите“, реплицираше Васко Пашовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Пашовски наместо за амандманот за Лозово , говореше  за пишувањето на неделникот Фокус за водата за пиење во Свети  Николе, каде во написот под наслов „И власта знае зошто Свети Николе остана град на смртта“, стои дека во градот , има се повеќе погреби од крштевки.

„Ракот го суши Свети Николе“, пишува, а граѓаните кои се плашат јавно да говорат се сомневаат дека  тоа е поради водата за пиење.

Со слика ги покажаа и огромниот број на нови некролози, а и изјавата на Александар Ристов, чија мајка починала од рак.

Токму за оваа изјава реагираше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од институтот за јавно здравје велат дека Македонија има најмал број на заболени од рак. А Свети Николе не е со најголем број на заболени.Колешке Анастасовска  лажеш, апсолутно лажеш.Момчето  Александар Ристов, има две кривични пријави и е член на СДСМ. Се терети за подведување на проституција и ширењ е дрога“, рече Пашовски.

„Згрозена  сум како зборувате за дете чија мајка почина од рак“, одговори Анастасовска.

„Водата што ја пиеме не е здрава, таа е главниот предизвикувач на малигни заболувања, но ве молиме не не кажувајте со име“, велат светиниколци за Фокус.

Според црковните лица во Свети Николе минатата година имало 130 крштевки, а 200 погреби.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Буџетот не е во најдобра состојба“ – оваа изјава на Божиновска е доказ дека фалат 2 милијарди евра

А1он

СДСМ: За да се впушти во борба против криминалот и корупцијата Мицкоски треба да се уапси самиот себе

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

СДСМ: Скандал со повлекувањето на Кедев, дали Жан излезе со клевети за Филипче за да се спаси

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Платите на работниците треба да се покачат сега, а не за две години

Предраг Петровиќ

СДСМ: Затворањето на пост мониторингот не е успех на Мицкоски

А1он