Флај кем демантира дека склучувал договор „во четири очи“

Од:

„Компанијата Флај кем Дооел Скопје, најостро ги демантира лагите и клеветите за наводно склучување на договори во четири очи од страна на нашата компанија со држави институции. Нашата компанија учествуваше на споменати јавни набавки од страна на ВМРО-ДПМНЕ и објавени во некои портали според сите законски прописи.

На секоја од трите наведени јавни набавки кои се посочуваат, нашата компанијата уредно учествуваше на електронска аукција согласно законот. Лагата е дотолку поголема ако се земем предвид фактот дека на секоја од трите електронски аукции учествуваа по повеќе компании. За ова тврдење во прилог на овој демант ги доставуваме официјланите документи од електронските аукции. Истите може да се проверат со секоја од институциите поединечно.

Доколку во рок од 48 часа ВМРО-ДПМНЕ не се извини, нашата компанија ќе поднесе тужба за клевета. Ги повикуваме сите останатие медиуми и институции слободно да ги проверат фактите околу овие набавки“, се вели во демантот на Флај кем на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски