Физички нападнал продавачка и со пријатели демолирале куќа, продавница и возила бидејќи не му дале пиво на вересија

Од:

Синоќа во 21.00 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, Л.В. (33) од с.Баница, струмичко, пријавила дека истиот ден околу 16.00 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја нападнал.

Тој побарал пиво на одложено плаќање, но откако не му дала почнал да ја навредува, по што физички ја нападнал. После тоа, пред продавницата дошол нејзиниот сопруг, а К.Р. го нападнал и него. Тие успеале да го истуркаат К.Р. од дворното место, но по кратко време се вратил со уште неколку непознати лица кои носеле камења, стап и секира и почнале да ја демолираат куќата, продавницата и возилата паркирани пред неа и при тоа им нанеле телесни повреди на пријавителката, нејзиниот сопруг, свекорот и уште двајца нивни роднини. Во врска со случајот лишени од слобода биле К.Р. (20), А.Р. (26), Д.Р. (25), сите од с.Баница, и биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка. По целосното расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски