Физичка пресметка меѓу Коцев и Бакрачески: Градоначалникот негира, актерот молчи

Од:

Вчеравечер по завршувањето на претставата „Ничија земја“ во изведба на МНТ, дошло до вербална, а потоа и физичка пресметка меѓу градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и актерот Сашко Коцев. Според информациите кои ги доби Макфакс, актерот бил нервозен бидејќи доцнел почетокот на претставата, за потоа, гневот да го исутри со извикување на погрдни зборови кон Бакрачески и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Непосредно по заминувањето на претседателот на Собранието, Талат Џафери и неговата придружба на масата каде што седеа официјалните претставници, дојде лицето Сашко Коцев и веднаш без никаков повод и за нас од сеуште неразјаснети причини почна да упатува погрдни зборови со навредлива содржина (со елементи на национална омраза) првично наменети за господинот Талат Џафери, а потоа и за Градоначалникот Бакрачески. На оваа груба провокација и смислен обид за навреди од страна на лицето Сашко Коцев, градоначалникот Бакрачески само кратко го отпоздрави без да обрне внимание на неговите зборови за да не дојде до нарушување на убавата атмосфера на коктелот. Во тој момент видна беше вознемиреноста и потресеноста од неговиот однос на присутните .

После десетина минути лицето Сашко Коцев по вторпат дојде на масата каде стоеше Градоначалникот и ја продолжи „претставата“ со навреди и за другите присутни влегувајќи во вербален конфликт со директорката на Охридско лето и други присутни. При заминување на Градоначалникот заедно со протоколот на пат кон службеното возило, Сашко Коцев “не заборави“ и по трет пат да упати навреди кон Градоначалникот и притоа беше спречен од страна на службеното лице на општина Охрид физички да го нападне“, вели ПР тимот на градоначалникот Бакрачески.

Повеќе на Макфакс.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашко Коцев повредил полицаец и избегал од местото на настанот

Музички времеплов со српски уметници на „Охридско лето“

ВИДЕО: Уметноста нѐ охрабрува да не се помируваме со злоупотребите, рече Пендаровски на „Охридско лето“

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Стефоска со повик за спас на Охридскиот регион: Тапијата е во наши раце само на чување, а Охрид не е забавен парк

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Почна „Охридско лето“: Пендаровски, Кејт Брнз, Јовески, Стефоска дел од гостите на Антички театар

Кристијан Ландов

Со изведба на одбрани арии отворено јубилејното 60. „Охридско лето“

А1он