Фирмите кои работат со општина Центар на информативни разговори во МВР

Од:

„Раководното лице на фирма која што изведува дел од проектите на општина Центар, е повикано на информативен разговор во Министерството за Внатрешни Работи. Повикот бил по телефон и на лицето му е посочено со себе да ја донесе целосната документација за извршените работи и проектите кои што ги има само со општината.

Ова не е прв случај фирми кои имале најдобри понуди и добиле на распишаните тендери со Центар да бидат под притисок на власта.

Општина Центар прашува: дали овој “специјален“ однос, кој што власта го има кон единствената опозициска општина во градот Скопје е поради досега сработеното, поради големиот проект “Работно Лето 2015“, нелегално изградениот дел од седиштето на ВМРО – ДПМНЕ или пак, поради интервенцијата на општината во однос на огромните парцели на луѓе од врвот на власта, кои истите сакаа да си ги присвојат на нелегален начин, а беа спомнати и во “бомбите“ на опозицијата?

Инспекциските служби, за разлика од другите општини, се редовни “гости“ во општината.

Општина Центар работеше и ќе продолжи да работи легално, а надлежните тоа можат да го исконтролираат во секој момент. Но ваквите заплашувања и притисоци не само што нема да не’ поколебаат, напротив – ќе работиме со се’ позасилено темпо, во интерес на граѓаните“, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина