Фирма што ја чисти Владата е под истрага, за сопственикот се бараат мерки од судот

Од:

Покрената е истрага за злоупотреба на постапка за доделување на јавна набавка, а осомничен е газдата на фирмата „Серта“, која пак добила тендер за одржување на хигиена од Службата за општи и заеднички работи при Владата, дознава „А1он“. За сопственикот на фирмата, Спасо Ѓоргиев е побарано од Кривичниот суд да одреди мерки на претпазливост поради опасност од бегство.

Според неофицијални информации до кои дојде „А1он“, сопственикот на фирмата за одржување хигиена, прикажала делумно невистинита документација пред комисијата за јавна набавка, со цел да ги исполни бараните критериуми и да ја добие набавката. Информации до кои дојде „А1он“ говорат дека станува збор за материјал за работа, кој „Серта“ морала да докаже дека го има, за да може да учествува во повикот, а во случајов, да ја добие и набавката.

Системот за јавни набавки покажува дека фирмата „Серта“ имала три договори со СОЗР. Секој поединечно е склучен во 2020, 2021 и 2022 година. Сите со вкупна вредност од скоро пет милиони евра. Засега непознато е кој од овие договори е спорен и предмет на истрага.

Ова е втора фирма за одржување хигиена која добива тендери од Владата, а се судира со законот. Претходно, истрага се водеше за фирмата „Секјуриком“. Во овој случај, обвинението беше против Васе Доневски кој е поранешен директор на СОЗР, а осомничен беше и Австриецот Волфганг Гампер, сопственик на „Секјуриком“ кој избега од Македонија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

Владата донесе одлука: Ќе има покачување на пензиите

Горан Наумовски

Владата не даде согласност за вработување на 155 медицински сестри во тетовската болница, велат од ДУИ

Горан Наумовски

Собранието ќе одлучува за дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата

ВМРО ДПМНЕ: Владата привлекува странски инвестиции и отвора нови работни места