Финансиска полиција се засилува, на оглас бара 27 финансиски полицајци

Од:

Управата за финансиска полиција објави оглас за вработување 27 извршители – финансиски полицајци. Новите вработувања се поради зголемите надлежности и согласно препораките од ЕУ.

„Надлежностите на Управата се зголемени. Ќе правиме интегрирани истраги со другите институции и доекипрање беше неопходно. Новите вработувања се во согласност и со ‘Планот 3-6-9’ на Владата за реформи“, вели Арафат Муареми, директор на Управата за финансиска полиција за „А1он“.

Управата сега има 34 финансиски полицајци од кои тројца се распоредени во СЈО.

Огласот за новите вработувања е објавен денес, а заинтересираните треба да се пријават во рок од 15 дена.

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Кривични пријави против пет физички и едно правно лице од Битола

Акција на Финансовата полиција и МВР во Битола, има уапсени