Филмско бегство на штипјанец од полициска станица

Од:

Филмско бегство на штипјанец од полициска станица. Како што соопштија од полицијата, 19-годишното момче било приведено на распит поради сомневање дека е сторител на серија тешки кражби.

Штипјанецот без да знае дека набрзо ќе биде пуштен, бидејќи кривичната пријава против него ќе се процесуира во редовна постапка се обидел да избега.

Го искористил невниманието на полицајците и скокнал од терасата на првиот кат и почнал да бега.

Набрзо бил фатен од полицајците кои го однеле во болница поради лесните повреди на ногата.

Од полицијата велат дека против него ќе биде поднесена кривична пријава за серија тешки кражби.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“