Филипов: Сметам дека би бил добар консензуален кандидат за претседател

Од:

Сметам дека би бил добар консензуален кандидат за претседател и знам што треба да правам доколку бидам избран, изјави денеска Ѓорѓи Филипов, единствниот кандидат кој се јави на партискиот оглас на владеачката СДСМ за изборите за претседател на државата.

Во однос на шансите да биде избран, Филипов, рече дека ги нема видено останатите предложени кандидати и дека е подобро да почекаме да видиме како ќе заврши целата процедура.

Прашан за коментар во однос на можноста за нови кандидати за претседател, иако тој е единствениот пријавен кандидат на јавниот повик на СДСМ, Филипов рече дека процесот на самокандидирање е завршен и сега е процес на кандидирање од основните организации на Социјалдемократскиот сојуз.

– Во процедурата стоеше дека основните организации ќе може да пријавуваат и дека нивниот рок е малку подолг од оние што сами сакаат да се кандидираат. Јас се чувствував доволно спремен тоа да го направам сам. Би ми било драго доколку и од основните организации постои предлог. Подготвив една програма, нејзини цртички презентирав и јавно кажав на што ќе работам. За деталите ќе соопштам, ако воопшто бидам одбран, ако не јас и понатаму ќе работам во интерес на љубовта, на толеранцијата, на соживотот и за напредок во секој поглед без разлика дали ќе бидам кандидат на овие избори или нема да бидам. Нормално, подобро е да бидам зошто ќе имам поголема можност нешто навистина да направам, изјави Филипов, пред промоцијата на неговата нова книга „Воздигање над облаци”.

Прашан зошто токму сега е промоцијата на неговата книга Филипов, рече дека тоа е само една случајност, што можеби е добредојдена да се потсетат луѓето на што треба воопшто да ги насочиме нашите кампањи.

– Ќе речете нема случајност, меѓутоа одамна веќе две-три години немам објавено и веќе се насобраа многу текстови. Тоа што се совпаѓа со моментална позиција, иако се уште веќе не е почната таа официјална кампања е само една случајност, рече Филипов.

Ѓорѓи Филипов е доктор по технолошки науки. Дипломирал на Машинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 1981 година, а докторирал 1998 година на истиот Универзитет. Беше амбасадор на Македонија во Германија (2005-2010) и Австрија (2010-2014).

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он