Филипче: Жителите на струшките села да излегуваат од дома само ако е неопходно

Од:

Поради честите контакти со Дебар, министерот за здравство Венко Филипче апелира жителите на струшките села Лабуништа, Подгрци, Боровец, Октиси и Јабланица строго да се придржуваат до мерките против ширење на коронавирусот и да го сведат движењето на минимум. Тој извести дека вчера имало интензивни состаноци со претставници од овие села.

„ОВР Струга вчера имаше интензивни состаноци со претседатели на месни заедници во овој регион со оглед на комуникацијата што ја имаат со општина Дебар. Тоа се претседателите на месните заедници од Лабуништа, Подгрци, Боровец, Октиси и Јабланица. Интезивно ќе се комуницира со цел граѓаните строго да се придржуваат до пропишаните мерки. Упатувам апел граѓаните да останат дома, движењето да го сведат на минимум, само за неопходните потреби“, рече министерот Филипче.

Синоќа полицијата во струшките села спроведуваше своевиден полициски час. Засилено ги легитимираше луѓето затекнати на јавни места поради сомнеж дека многумина не ја почитуваат мерката за самоизолација по враќање од странство.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски