Филипче: Жената се вакцинираше во тракторoт, оти не можеше да се симне и не сакавме да ја малтретираме

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со вчерашната објавена фотографија на социјалните мрежи, каде што неподвижна жена од беровско село прима вакцина во приколка од трактор, која предизвика големи негативни реакции на социјалните мрежи, се изјасни преку „Твитер“, со тврдење дека жената не била во можност да се симне од тракторот.

За да не се малтретира повозрасната жена, тврди министерот, медицинската сестра ја вакцинирала на лице место.

„Фотографијата на која медицинска сестра вакцинира повозрасно лице кое седи на трактор покрена дебата на социјалните мрежи, па сметам дека е добро јавноста да ја знае позадината на целата случка. Станува збор за брачен пар кој живее во планинските колиби, место над село Ратево, Беровско. Местото е тешко пристапно, а лицата кои се вакцинираат на сликите воопшто не побарале асистенција или превоз од локалниот Здравствен дом во Берово. Тие одлучиле самите да дојдат на вакцинација до пунктот и се појавиле на местото. На пунктот имало санитетско возило со фрижидер за теренска вакцинација и биле вакцинирани целосно безбедно, спротивно на тоа што сака да се прикаже во јавноста. Повозрасната жена бидејќи не била во можност да се симне од тракторот, за да не се малтретира, медицинската сестра се качила на приколката за да ја вакцинира. Јас сметам дека тоа е гест за поздравување, а не за осуда“, тврди Филипче.

Во понеделникот почна теренската вакцинација во земјава, каде што медицински тимови патуваат претежно во руралните средини и населби, а со цел да се вакцинираат што повеќе лица кои не се во можност да дојдат до вакциналните пунктови во здравствените домови во државата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

Водата во Гостивар била загадена и во времето на Филипче, обвинија и премиерот и шефот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ