Филипче: Зголемување за 15% на капитацијата за матичните лекари

Од:

Примарната здравствена заштита е клучна за здрави поколенија, а матичните лекари заслужуваат нивната работа да биде признаена и вреднувана, затоа, ќе го зголемиме капитациониот бод за општите лекари и тоа ќе го направиме уште во првата половина на мандатот“, најави носителот на листата пратеници на СДСМ во изборната единица 4, д-р Венко Филипче.

При својата вчерашна посета на Прилеп каде што се одржа трибина по повод Светскиот ден на здравјето, Филипче рече:

„Капитацијата за матичните лекари во новиот мандат, во почетокот на новиот мандат, не до крајот на мандатот, ќе се зголеми за 15%. Ние тоа еднаш го направивме и затоа и понатаму продолжуваме да го зајакнуваме примарното здравство“, истакна Филипче на трибината.

Филипче презентираше и други мерки, со фокус на примањата на здравствените работници и задржување на медицинскиот персонал во земјава преку подобрување на образованието, инфраструктурата и условите за работа во здравствените установи.

„Лекарите специјалисти ќе бидат платени до 180 000 денари. Во општите болници лекарите ќе примаат плата до 140 000 денари. Матичните лекари до 120 000 денари. Медицинските сестри, меѓу 60 и 90 000 денари“, рече Филипче.

Во насока на задржување на студентите што завршуваат медицина или специјализираат, пак, Филипче најави дека ќе им биде понудено загарантирано вработување и одлични услови за да бидат мотивирани да останат во земјава.

„Специјализантите ќе ги остварат сите права за текот на нивната пракса преку целосно вкупно здравствено осигурување и ќе добиваат месечен надоместок од почетни 60.000 денари. Нашата цел е приближување кон системот на здравствена заштита во ЕУ членките. Одобривме рекордни 931 специјализација и 130 суб-специјализации. Ќе обезбедиме уште нови 1.000 специјализации и субспецијализации“, рече Филипче.

Вложувањето во здравствените работилници значи инвестирање во здравјето на граѓаните, додека инвестирањето во здравствената инфраструктура и нова медицинска опрема значи брза дијагноза и спасување на повеќе животи.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ако Филипче најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Резолуција во Собранието за да се запрат мигранитие, ако не помине ќе одиме на протест – најави Филипче

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Тајните договори со Британија отвораат сомнеж за мигрантска гласачка машинерија на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Ние ја продолживме светиклиментовата мисија, и денес македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба