Заштитата на здравјето на граѓаните во текот на изборниот процес беше на највисоко ниво. Голема благодарност за свесноста и почитувањето на мерките од страна на сите гласачи – покажавме дека можеме да функционираме со почитување на протоколи и мерките за заштита, објави денеска на својот Фејсбук профил, министерот за здравство Венко Филипче.
Тој изразува голема благодарност и до сите медицински работници, членови на избирачките одбори, Комисијата за заразни болести и сите вклучени во организацијата на парламентарните избори во текот на трите дена на гласање за доследно спроведување на протоколите.
– Тоа е начинот на којшто ќе продолжиме да живееме безбедно – со носење маска, дезинфекција, почитување дистанца и почитување на протоколите, напиша Филипче.