Филипче за уцената од Реџепи: Мора да бидеме свесни за сериозноста на ситуацијата

Од:

Министерот Венко Филипче запрашан дали го загрижува пораката од поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи кој во телевизиско интервју рече дека ќе ја повлече забраната за собири во џамиите ако не добие помош од државата, одговори дека се пратат реакциите на социјалните мрежи, како и дека сите мора да се свесни за сериозноста на ситуацијата.

Корисниците на друштвените мрежи го критикуваат барањето на верските заедници да бараат пари од државата за плати.

„Ги пратиме реакциите на граѓаните на јавните мрежи за овие мерки. Јас сметам дека ова е период во кој што мора да се издржи. Ова се сериозни мерки за рестрикција, а крајната цел е да се заштити здравјето на граѓаните. Јас верувам дека сите се свесни за сериозноста на ситуацијата, дека секој гледано од призма на личниот капацитет треба да се заложи максимално. Сега е време сите да се стрпиме, да издржиме, знам дека е тешко и дека доаѓаат верски празници, но ова е период кога сите, почитувајќи ги мерките, да инвестираме во сопственото, но и колективното јавно здравје“, рече Филипче.

Со повлекувањето на одлуката за затворање на џамиите ќе станеме Бангладеш, рече реисот на ИВЗ, Реџепи, а Османи за „А1он“ рече дека ова не е закана туку барање на помош.

„Мислам дека изјавата е извадена од контекст. Не треба да правиме драма од тоа што тие бараат помош, бидејќи секој во овие услови е оштетен. Во редовна комуникација сум со поглаварот. Бидејќи јас побарав од нив да ги затворат џамиите во текот на пандемијата, тие ми се обратија мене. Основен извор за финансирање на ИВЗ се донациите за време на празникот Рамазан. Нивниот став е дека доколку тие не работат сега, нема да можат да исплатат плати на имамите, оџите и тн. Тоа е ист проблем како на рестораните, кои велат дека ќе ги отпуштат вработените“, рече Османи за „А1он“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати