Филипче: За да имаме нов клинички за 4 години, бараме проект и изведба во пакет

Од:

За да го скрати времето за изградба на новиот клинички центар, министерот за здравство Венко Филипче вели дека се размислува да побараат пакет кој ќе понуди и проект и изведба. Со тоа министерот вели дека ќе се скратат на пола административните процедури бидејќи место на посебни огласи да се бара проект, а потоа изведувач, постапката може да се заврши со само еден тендер.

„Ако во пакет побараме проект и изведба реално има изгледи да го добиеме новиот клинички центар за четири години. Разговараме со компании од Германија, од Америка и од Австрија кои градат болници со готови проекти. Со нив не преговараме, туку само разговараме како да се забрза постапката за изградба на клиничкиот центар. Ако правиме нови проекти и ако бараме изведувачи постапката би можела да се издолжи и на десет години. Затоа ја разгледуваме можноста да одбереме некој од готовите проекти што ги нудат компаниите кои ја прават и изведбата. Ние имаме анализа и точно знаеме што ни треба, колку легла ни требаат па сметам дека е изводливо да се одбере готов проект кој ќе одговара на нашите потреби“, вели министерот Филипче.

Како најсоодветна за новиот клинички центар, Владата ја одбра локацијата во Ѓорѓе Петров со што отпаднаа локациите во Петровец и онаа во Злокуќани. Пресудно било чисто државното земјиште, сообраќајниот пристап и можноста за кусо време да се подготви урбанистичката документација.

„Утврдивме дека на локацијата во Злокуќани 50 отсто од земјиштето е приватна сопственост и голем дел е веќе изградено, па евентуално обесштетување ќе чини дополнителни 100 милиони евра. Локацијата, пак, во Петровец отпадна поради близината на Скопско поле, мочурливото земјиште и близината на аеродромот. Вакви проблеми нема на локацијата во Ѓорче. Добивме уверување од Општината дека во рок од два месеци можат да ја комплетираат урбанистичката документација, бидејќи се работи за локација надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план“, рече министерот Филипче.

Тој ги демантираше гласините дека новиот клинички центар ќе се гради со јавно приватно партнерство. Рече дека согласно физибилити студијата изградбата ќе чини 450 – 480 милиони евра. За финансирањето како и за можноста на тендер да побараат пакет проект и изведба за новиот клинички центар, министерот Филипче вели дека се во постојан контакт со Министерството за финансии.

 

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Филипче: Скопје е во криза, СДСМ иницира итна седница на Совет на Град Скопје

Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања,

Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднела 200 амандмани на буџетот за 2025 за кој вели дека е нереален и генератор на нови долгови

Филипче му ја честиташе победата на Доналд Трамп

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС