Филипче во посета на пациентот со трансплантирано срце

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче утрово го посети пациентот, на кој му беше трансплантирано срце.

Синоќа, за првпат во нашата земја е изведена трансплантација на срце од починат донор.

Операцијата, која траела шест часа, ја направи тимот кардиохирурзи  предводен од Сашко Јовев од државната кардиохирургија, Жан Митрев од Клиниката „Жан Митрев“, Александар Николиќ од „Ацибадем Систина“ и Маја Мојсова, анестезиолог од КАРИЛ.

Донор е 43 – годишна почината пациентка, а срцето е пресадено кај 54- годишен пациент. Семејството на починатата ги подарило и двата бубрега кои денес се пресадуваат кај двајца пациенти на Клиниката за урологија кои имаат хронична бубрежна слабост и со години биле на дијализа.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи