Филипче: Во моментов не се размислува за воведување дополнителни мерки

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека во моментов не се размислува за воведување дополнителни мерки, како и за намалување на времетраењето на полицискиот час што е на сила.

– Сметаме дека нема простор за некоја дополнителна рестрикција во кој било град, затоа што ако се почитуваат овие мерки тие ќе бидат сосема доволни. За дополнителни мерки не се размислува, нагласи министерот.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали се планира олабавување на сегашните мерки, бидејќи се создаваат гужви во маркетите и банките, рече дека не се размислува за намалување на рестиктивните мерки во скоро време.

– Целта на рестрикцијата на движењето е дополнително да се елиминира можноста за вакви гужви што се јавуваат во другите денови, коишто сметам дека, исто така, има начин да се организираат и пред маркетите и пред банките, со обезбедување  таа доволна дистанца на стоење и на организација на работата во некој затворен простор. Ние во овој момент за намалување на рестриктивните мерки не размислуваме, односно не размислуваме да бидат сега скоро. Размислуваме како би бил организиран животот после укинување на овие рестриктивни мерки заради тоа што сигурно дека нема да може да се врати целосно во нормала, наведе Филипче.

Министерот посочи дека и по укинувањето на мерките сигурно нема да биде начинот на фукционирање ист, заради тоа што, како што истакна,  во тоа сценарио исклучително висок е ризокот да се јави неочекуван нагол пик на новозаразени.

Во однос на прашањето дали се размислува за затворање на градовите, бидејќи веќе се забележува дека граѓаните планираат собирања по викендици и за планирањето за олабавување на мерките кон средина на мај, со оглед на тоа дека во тој период се рамазанските пости и Бајрам, Филипче одговори дека медицинските индикации ќе покажат кога треба да се укинат мерките.

– Секако дека ќе цениме, за нас индикација за олабавување на мерките ќе биде кога пикот ќе помине и кога ќе се намали бројот на пацинети, при тоа исто како што сега планираме да направиме за Дебар, сигурно дека ќе имаме и целна дополнителна анализа и за некои региони. Ние сме народ што сака да се дружи без разлика на тоа дали има актулени или нема актуелни празници, секогаш луѓето наоѓаат причина да бидат заедно и сметам дека ќе се држиме до медицинските индикации дали треба и кога треба мерките да се попуштат, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он

Филипче од Прилеп: Отворам канцеларии за комуникација со граѓаните во Прилеп, Кавадарци и Струмица

Филипче: Невработеност од најниски седум отсто и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот

Филипче: Месечен надоместок од почетни 60.000 денари за специјализантите

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Филипче од Кавадарци: Се среќавам со преку 200 луѓе дневно, лице в лице се гради довербата