Филипче: Во калта на Мицкоски нема да влегувам, ќе продолжам да го разобличувам

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност.

„Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден на власт. Оваа мизерна и ниска кампања на ВМРО-ДПМНЕ е одраз на нивната немоќ и неспобност. Но суштина е уште поболна, а тоа е дека тоа е кампања да се прикријат нивните лоши намери за иднината на оваа земја“, рече Филипче.

Тој додаде дека власт која води негативна кампања кон опозицијата, според него, не е само неспособна, туку и дека не се грижи за напредокот на државата, не сака дијалог и не сака компромиси.

„Тоа е власт за која напредокот на државата е непријател. Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни поделби, од сиромаштија која ја контролира со корупција и од хаос во кој се создава апатија. Ова е целта”, нагласи д-р Филипче.

Филипче истакна дека тој нема да влегува во нивната кал, туку ќе продолжи да ги разобличува.

„Но јас во нивната кал нема да влегувам, туку ќе продолжам да ги разобличувам. Нека се препелкаат во национализмот, во лажниот патриотизам и во својата неспособност самите тие”, порача лидерот.

Би можело да ве интересира

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”