Филипче: ВМРО-ДПМНЕ со поголема Коалиција изгуби 140.000 гласови и тоа е сериозен политички сигнал

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава во крушевското село Јакреново, во одговор на новинарско прашање, рече дека граѓаните се свесни дека оваа влада не испорачува резултати а показател за тоа е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за 140.000 гласови.

„ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата изгубија 140.000 гласови, кога се споредуваме со лани. Имено на ланските избори, СДСМ и тогашната Коалиција, имаа 152.000 гласови. Сега, за кандидати за градоначалници, имаа близу 158.000-159.000 гласови. Многу повеќе гласови, а на значајно помала излезност кога ги споредуваме изборите годинава и ланската година. Кога имаме кумулативен збир на тие гласови, некаде, на помала излезност, имаме ист број на гласови како ланските избори. А ако го гледате ВМРО-ДПМНЕ, со дополнителни нови коалициони партнери, други партии кои што лани беа со нас во Коалиција, ова година, за жал, ја напуштија нашата Коалиција, тие имаат 140.000 гласови и тоа е , помалку од лани. И тоа е нешто што е сериозен знак.“, рече Филипче.

Како што кажа Филипче, токму падот на гласовите за ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори е показател дека граѓаните се разочарани од политиките на власта, и политички сигнал од овие избори, а тоа е дека граѓаните се свесни дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не испорачува.

„Граѓаните се свесни, дека оваа влада не испорачува, дека има многу лажни ветувања, дека не можат да се справат со проблемите, дека не излегуваат во пресрет на барањата на граѓаните, дека нема ниту една категорија на граѓани, која што е реално задоволна, ниту пак чувствува некакви позитивни политики од оваа влада“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи